
Руските власти ги уништуваат патиштата за да ги спречат Вагнерците да стигнат до Москва
Властите во регионите кои граничат со Москва преземаат сериозни активности за да го забават приближувањето на групата Вагнер до главниот град на Русија, затворајќи ги патиштата или ограничувајќи го сообраќајот.
Во некои случаи дури и прибегнаа кон уништување на патот.
Би-би-си ги потврди видео снимките од тешките машини и трактори кои се користат за копање дупки на патиштата во регионот Липецк што водат кон Москва.
Единиците на групата Вагнер го напуштија Ростов на Дон, за кој тврдат дека го освоиле, кон Москва и се на околу 300 километри од руската престолнина.
Во Москва се воведени антитерористички мерки, понеделник ќе биде неработен ден, а градоначалникот рече дека ситуацијата е тешка.
The Russian authorities have people digging up the roads leading to Moscow in an attempt to stop the advance on the city by the Wagner Group.
— Visegrád 24 (@visegrad24) June 24, 2023
