
Руски воен авион се урна во регионот на Белгород
Руски воен авион Су-24 се урна во областа Валујск, Белгородска област. Пилотот се катапултирал, но починал, јави ТАСС.
Авионот се урнал на периферијата на едно село.
Според претставник на безбедноста, авионот се запалил кога удрил во земјата. Според првичните податоци, гори зграда во близина на инцидентот.
На лице место работи увидна екипа и вработени во Министерството за вонредни состојби.