
Руски напад со дронови и крстаречки ракети во Одеса
Украинската војска утринава соопшти дека руските сили извршиле голем напад со проектили и беспилотни летала врз Одеса во јужна Украина.
Последиците од нападот се уште се проценуваат, соопшти Генералштабот на украинската армија.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 18 од 24-те камикази беспилотни летала кои летале кон регионите на Миколаев и Одеса, пренесува Ројтерс.
Тие тврдат дека ги уништиле сите 17 крстосувачки ракети кои биле лансирани од југозападниот руски регион Волгоград. Ракетите се уништени во регионите Дњепропетровск, Полтава и Кмелмичи.
