
Руската рубља продолжува да паѓа, побарувачката за девизи расте
Руската рубља денеска падна во претпладневната трговија, продолжувајќи го својот надолен тренд од минатата недела, под притисок на побарувачката на девизи и продажбата на руски средства од странци, објави Ројтерс.
До 10:30 часот по локално време, рубљата поевтини за 0,59 отсто во однос на доларот на 81,59 рубљи, 0,22 отсто во однос на еврото на 89,10 рубљи и 0,34 отсто во однос на јуанот на 11,85 рубљи.
Сепак, според Алексеј Антонов, директор за инвестиции во брокерот АЛОР, иако рубљата и понатаму изгледа слабо и нејзиното движење зависи од побарувачката за девизи, таа и понатаму е „препродадена“.
Неговите зборови се поддржани од движењето на акциите на московската берза, пренесе БТА. Индексот RTS деноминиран во долари денеска порасна за 0,34 отсто на 978,05 поени, а MOEX базиран на рубља додаде 0,94 отсто на 2.523,34 поени.
Суровата нафта „брент“, глобалниот репер за руската нафта, денеска маргинално поскапе за 0,01 отсто на 85,13 долари за барел.