
Руската новинарка Марина Овсијаникова е осудена во отсуство на над 8 години затвор
Руската ТВ-новинарка Марина Овсијаникова беше осудена во отсуство на 8 години и 6 месеци затвор откако излезе на етер со натпис „Стоп за војната, ве лажат“, пренесува Ројтерс.
Обвинението против неа е за ширење лажни информации за вооружените сили на Русија.
Пред една година Овсијаникова ја напушти Руската Федерација со својата ќерка и побегна во една земја во Европа. Претходно и беше одреден домашен притвор.
