
Руска ракета уништи станбена зграда во Краматорск, две лица загинаа (Видео)
Руски проектил уништил станбена зграда во источниот украински град Краматорск доцна синоќа и најмалку две лица загинале, изјави гувернерот Павло Кириленко, цитиран од Ројтерс.
Спасувачите, органите на редот и комуналните работници работат на лице место и го расчистуваат шутот од уништената зграда. Изгледа има луѓе преплавени“, рече Кириленко.
Минатиот месец, најмалку 44 лица загинаа кога руски проектил погоди станбена зграда во источниот украински град Днипро, потсети Ројтерс.
„Ова не е повторување на настаните од минатото, ова е смртоносната секојдневна реалност во нашата земја – земја со вистинско зло на нејзините граници“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во Телеграма.
Во посебен твит, Зеленски напиша: „Единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи. Со тенкови. Со борбени авиони. Со ракети со долг дострел“.
Кириленко објави фотографија на која се гледа четирикатница која е тешко оштетена. Гувернерот прецизираше дека зградата е во центарот на градот, а има и седум ранети.
Украинската служба на РСЕ објави кратко видео на кое се гледа како спасувачите работат под рефлектори додека снегот паѓа врз урнатините.
Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилна инфраструктура, обвинение што Москва го негира.
Во април 2022 година, Украина објави 57 мртви во руски ракетен напад на железничка станица во Краматорск. Москва ја отфрли одговорноста и рече дека проектилот бил украински.
Russian missile hit an apartment building in the city center of Kramatorsk. At least two people killed and seven wounded. Dnipro, Kharkiv, Kupiansk, Kherson, Kramatorsk – Russia increases the number of attacks on civilian targets. pic.twitter.com/Uwx4Pu9TLv
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) February 1, 2023