
Руска ракета погоди кинески конзулат! Шокантна вест од фронтот, житото било наменето за Пекинг?! – Се огласи Зеленски
Олех Кипер, гувернерот на Одеса, рече дека руски проектил го погодил кинескиот конзулат во тој град.
Според Олех Кипер, гувернерот на регионот Одеса во Украина, зградата на кинескиот конзулат била оштетена во нападот во текот на ноќта врз тој град, пренесува британски „Гардијан“. Ова Кипер го објави на својот канал „Телеграм“.
„Како резултат на рускиот напад во текот на ноќта, беше оштетена зградата на генералниот конзулат на Народна Република Кина. Агресорот намерно ја гаѓаше пристанишната инфраструктура. Оштетени се административни и станбени згради, како и конзулатот на Народна Република Кина. Ова укажува дека непријателот не обрнува внимание на ништо“, напиша тој на својот канал „Telegram“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека житото што беше уништено во рускиот напад на Одеса е наменето за Кина! Според него, во пристанишниот терминал во Одеса имало 60.000 тони земјоделски производи наменети за Народна Република Кина.
Grain destroyed in Russian strike on Odesa was destined for China
“In the port terminal, which suffered this night the most from Russian terror, 60,000 tons of agro-products were stored, which were intended for shipment to China,” Zelenskyy said. pic.twitter.com/AOKdspLXrd
— NEXTA (@nexta_tv) July 19, 2023