Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Руска амбасада: Нема основ за тврдењата на Османи дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Македонија и Бугарија
Македонија

Руска амбасада: Нема основ за тврдењата на Османи дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Македонија и Бугарија

01/02/2023

AA

Нема основ за тврдењата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Северна Македонија и Бугарија, реагира амбасадата на Русија во земјава во врска со една од последните изјави на шефот на дипломатијата, пишува 360 степени.

„Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Б. Османи во интервју за Радио Слободна Европа на 29.01 дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, е Руската Федерација. Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати. Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во БиХ и во српската АП КиМ, не може да се прецени“, пишува во реакцијата на руската амбасадата објавена на нејзиниот Твитер-налог.

Секогаш, велат оттаму, постапуваме во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и сме заинтересирани за просперитет и мирен соживот на сите земји во регионот.

Од амбасадата на Русија реагираат и кон македонските медиуми кои пишуваат дека Кремљ се меша во внатрешните работи на Северна Македонија, па бараат да се има поодговорен пристап.

„Апсолутно никаков темел немаат ниту обвинувањата што се шират во низа медиуми за наводно „мешање“ на Русија во внатрешните работи на Северна Македонија и нејзините односи со другите земји, а тоа им е добро познато на сите непристрасни набљудувачи и експерти. Ги повикуваме медиумите во Северна Македонија на одговорен и професионален пристап при објавување материјали за Русија и принципите на нејзината надворешна политика кои отворено ги декларираме – интеракција заснована на рамноправност, меѓусебно почитување и земање предвид меѓусебните интереси“, велат од руската амбасада.

(1/5) Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на🇲🇰Б.Османи во интервју за Радио Слободна Европа на 29.01 дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, е Руската Федерација pic.twitter.com/7VlWVPoYoV

— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) February 1, 2023

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy