Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русите во Србија на протест против Путин: Сакаме да им покажеме на Србите дека тоа се ужасни дела
Регион

Русите во Србија на протест против Путин: Сакаме да им покажеме на Србите дека тоа се ужасни дела

09/04/2023

AA

Протест имаше во Србија поради војната во Украина. 

Руското демократско друштво (РДД) во Србија организирало перформанс во центарот на Белград на кој изразиле противење на политиката на рускиот претседател Владимир Путин. Велат дека тој е виновен за жртвите од војната во Украина.

Со настап на плоштадот на Републиката во Белград, активистите на тоа здружение сакале да ги прикажат жртвите од војната, со четворица активисти кои лежат облечени во бело, со врзани раце и намачкани со лажна крв, додека претставниците на РДД ги држат транспарентите „Путин го направи ова“ и „Украина“.

Претставничката на РДД, Анастасија Дворјанова за агенцијата Бета изјавила дека настапот е посветен на Украинците кои се жртви на руската армија.

„Ние сме Руси и тука сме уште еднаш за да кажеме дека сме против оваа војна и со овој перформанс сакаме да им покажеме на Србите дека тоа се ужасни дела“, рекла Дворјанова.

Перформансот се одржал под наслов „Сеќавања на жртвите од воените злосторства на војската на Владимир Путин во Украина“.

Руските граѓани кои се доселиле во Србија од почетокот на војната во Украина, го основале здружението „Руско демократско општество“, за кое тврдат дека е антивоено и антифашистичко и ја осудува употребата на воена сила за решавање на меѓународни и внатрешни спорови. Хашкиот трибунал распиша потерница по Путин за извршени воени злосторства во Украина. Илјадници цивили загинаа во Украина. Во последниот руски напад на Запрожје, загинаа татко и неговата ќерка на возраст од 11 години. Србија е држава која не воведе санкции за Русија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy