
Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград
Русинка која живее во Белград неодамна предизвика бура на социјалните мрежи, објавувајќи колку пари е потребно да се издвојуваат месечно за четиричлено семејство во српската престолнина, пишува Блиц.
Taa тврди дека на четиричлено семејство му се потребни 3.500-4.500 евра за месечен живот во Белград, вклучувајќи ја и киријата.
Нејзиното тврдење го покрена прашањето колку всушност чини достоинствениот живот во Белград.
Некои се потсмеваа, а други тврдат дека толку пари се потребни за нормален живот. Плус навеле дека Русинката во Србија плаќа и кирија, што чини околу 1.000 евра.