
РУСИЈА ТРИ ГОДИНИ Е ВО ВОЈНА: Kако им успеа да имаат ниска стапка на невработеност?
Невработеноста во Русија повторно се намали.
„Стапката на невработеност во Русија, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, се врати на рекордни 2,3 проценти во март оваа година“, изјави вицепремиерката Татјана Голикова во интервју објавено денеска во списанието „Експерт“, пренесува Б92.
Вели дека во февруари, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, стапката на невработеност малку се зголеми во споредба со јануари и изнесуваше 2,4 проценти.
„Но, до крајот на март гледаме враќање на овој индикатор на претходната позиција, на нивото од декември 2024 година – 2,3 проценти“, изјави Голикова.
Таа додаде дека за да се реализира потенцијалот на младите луѓе во Русија, одобрена е програма за промовирање на вработувањето на граѓани под 30 години, што донела добри резултати.
Инаку, Русија е во војна со Украина три години и три месеци, а поради инвазијата, ЕУ воведе повеќе сетови на санкции со цел да ја принуди Русија на мир или во најмала рака да ја забави незината воена машинерија.
foto freepik.com