Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија сериозно ја загрози нуклеарната безбедност на Запорожје
Македонија

Русија сериозно ја загрози нуклеарната безбедност на Запорожје

09/03/2023

AA

Русија „сериозно ја загрози нуклеарната безбедност“ предизвикувајќи испаѓање на украинската нуклеарна централа Запорожје од украинската електромрежа по денешниот напад, предупреди шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

-Поради прекинот на електричното напојување,што беше воспоставено околу пладне, денеска мораше да се вклучат помошните дизел генератори за ладење на централата, „што значително го зголеми ризикот од нуклеарен инцидент во последните неколку часа“, рече Борел на маргините на европскиот состанок на шефовите на дипломатиите во Стокхолм.

-Тоа е сериозна закана за нуклеарната безбедност за која е одговорна Русија, предупреди високиот претставник на Европската унија.

„Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа. А Русија ја загрозува безбедноста на целиот европски континент, вклучително и Русија“, додаде тој.

Напојувањето во украинската нуклеарна централа Запорожје повторно беше воспоставено околу пладне. Централата беше заземена од московските сили и утринава беше затворена по рускиот напад, соопшти украинскиот оператор на електричната мрежа.

За превенирање и санирање на штетите од нападот денеска беа вклучени 20 помошни генератори, со залихи за итни случаи, што ќе овозможат работа од околу петнаесет дена.

Без електричната енергија произведена од овие генератори, прегревањето на горивото во реакторите може брзо да предизвика нуклеарен инцидент, како оној во Фукушима, Јапонија во 2011 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy