
Русија се закани на Босна и Херцеговина, ги нарекоа непријатели
Русија отворено се закани на Босна и Херцеговина (БиХ), поради посетата на нивни политичари на Украина.
Руската амбасада во БиХ упати отворена закана до таа земја поради нејзината поддршка за Украина, наведувајќи дека заминувањето на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина во Киев го смета за непријателски чин кон Русија.
Руската амбасада во Сараево реагираше со обвинувања поради фактот што членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, отпатуваа во Украина во официјална посета и учествуваа на самитот на Кримската платформа во Киев, кој го иницираше украинската дипломатија. Целта е да се потврди правото на таа земја да го зачува нејзиниот територијален интегритет, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го анектираше против меѓународното право по окупацијата во 2014 година.
Додека Киев одбележуваше 32 години независност од Москва, во руски ракетен напад беа повредени 10 лица во централниот град Дњепар. Најмалку едно лице загина.
