
РУСИЈА НЕ И ПРОСТУВА НА БУГАРИЈА: Одбивањето да плати во рубљи Софија скапо ќе го плати
Руската гасна компанија Газпром побара од Бугарија да плати компензација, откако Софија одби да го плати гасот во рубли минатата година.
Гаспром ја прекина испораката на гас, од која Бугарија беше речиси целосно зависна, на крајот на април минатата година, кога таа земја, заедно со другите членки на ЕУ, одби да плати за гас во рубли по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува Ројтерс.
„Тие сакаат да им платиме нешто што мислат дека им должиме. Преписката е во тек. Руската страна поднесе барања за одредена сума пари, а ние одговоривме… Не сакам дополнително да коментирам, заради доверливост“, изјави Христов.
Долгорочниот договор за снабдување со гас меѓу Гаспром и Бугарија, според кој Бугарија е обврзана да го плаќа гасот во долари, истече на крајот на 2022 година.