
Русија и Украина разменија 246 воени заробеници
Русија и Украина денеска разменија 246 воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека размената на воени заробеници е извршена како резултат на преговарачкиот процес, пренесе ТАСС.
Нагласено е дека руските војници кои се вратиле од заробеништво се на територијата на Белорусија и дека добиваат медицинска и психолошка помош.