Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија ќе ја лансира првата сонда кон Месечината по 50 години
Македонија

Русија ќе ја лансира првата сонда кон Месечината по 50 години

07/08/2023

AA

Русија денеска објави дека в петок ќе ја лансира својата вселенска сонда „Луна-25“ за истражување на Месечината, што ќе биде прва мисија од ваков вид во речиси 50 години, јави ДПА.

Планираното лансирање на сондата во 2022 година беше одложено поради технички проблеми.

Сондата на автоматската лансирна рампа „Сојуз“ , на новиот космодром „Восточни“, ќе биде донесена утре, јави денеска руската вселенска агенција Роскосмос.

Лансирањето е планирано за в петок во 9,10 часот по локално време.

ДПА појаснува дека оваа мисија допсега е повеќепати одложувана бидејќи првично планирано лансирање на лунарната сонда беше закажано за 2012 година, а последен пат датум беше поставен за мај 2022 година.

„Луна-25“ е дел од руската лунарна програма што предвидува изградба на вселенска станица на Земјиниот сателит до 2040 година.

Москва последен пат испрати сонда „Луна-24“ на Месечината во 1976 година кога Русија тогаш беше дел од Советскиот Сојуз.

„Луна-25“ треба да помогне во развојот на технологија за меки слетувања. За да го направи ова, таа ќе собира и анализира примероци од почвата од Месечината. Планираните научни истражувања вклучуваат и проучување на површинските слоеви во областа на јужниот пол на Месечината, како и нејзината екосфера, додава ДПА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy