Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Русија ја престигна Саудиска Арабија во испораките на нафта за Кина
Економија

Русија ја престигна Саудиска Арабија во испораките на нафта за Кина

22/03/2023

AA

На почетокот на годината Русија стана лидер во испораките на нафта во Кина, која увезува гориво со големи попусти, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на податоци на Генералната управа на царината на Кина.

Испораките на руска нафта во првите два месеци од оваа година изнесуваат 15,68 милиони тони, околу 1,94 милиони барели дневно. Ова е речиси четвртина (23,8 отсто) повеќе од показателот во истиот период лани (1,57 милиони барели дневно), пишува „Политика.рс“.

Приватните кинески рафинерии за нафта во провинцијата Шандонг имаа корист од пониските цени. Во јануари руската нафта ESPO, која беше испорачана во февруари, беше купена со попуст од осум долари во однос на цените од лондонската берза за нафта ICE Brent. Дополнително, увозот на нафта од Малезија е зголемен за 144,2 отсто во однос на минатата година и достигна 0,65 милиони барели дневно.

Претходно, лидер во извозот на нафта во Кина беше Саудиска Арабија. Минатата година на Кина и продаде 87,49 милиони тони, што е 1,75 милиони барели дневно. Во периодот јануари-февруари 2023 година испорача 13,92 милиони тони (1,72 милиони барели дневно), додека една година претходно испорача 1,81 милиони барели дневно.

Според проценките на аналитичарите на агенцијата Блумберг, оваа година Кина би можела да го зголеми увозот на руска нафта за 500.000 барели, околу 2,2 милиони барели дневно или дури 2,5 милиони барели, доколку се зголемат испораките на нафта од брендот Урал. Како што појасни агенцијата, на крајот на февруари нагло се зголемил бројот на танкери во руските пристаништа во Тихиот Океан кои превезуваат нафта, а во средината на февруари 34 танкери веќе превезувале гориво, пренесува Спутник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy