
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран, изјави денес портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Русија е загрижена и ја осудува острата ескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Кремљ, според руски Интерфакс.
Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин добива онлајн извештаи за настаните што се случуваат меѓу Израел и Иран.