Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рушење или санација па пуштање во употреба на мостот „Беласица“ – кои се можните решенија?
Македонија

Рушење или санација па пуштање во употреба на мостот „Беласица“ – кои се можните решенија?

18/05/2023

AA

„Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување.  Во моментот мостот е затворен како превентива, се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните, велат од Град Скопје преку соопштение.

Мостот „Беласица“ предизвика сериозна загриженост. Градот Скопје побара да се остави стручните лица да направат проценка на штетите на мостот и сметам дека тоа треба да се испочитува, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и лидер на Достоинство во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Треба прво да се утврди штетата, потоа дали може да се санира мостот и за колку време. Јас се надевам дека тоа ќе се случи најбрзо што може и дека нема да дојде до уривање како што се шират шпекулации. Затворањето на мостот е неопходна превентивна мерка додека се врши проценката. Не смееме да си дозволиме да ризикуваме некој да настрада, вели Ангелов.

Ангелов вели дека според увидот на лице место, под мостот се забележани остатоци од душеци и ќебиња што значи дека таму престојувале луѓе. Оттука, вели Ангелов, може да е причина човечки фактор, а може и да е запалена инсталација од Топланата во Аеродром, но пред да се утврди не смее да се шпекулира.

– Постоеше стравување да не има гасоводни цевки под мостот, но откако се утврди дека нема дури тогаш почна противпожарната служба да го гасне пожарот. Во меѓувреме постигната е висока температура што може да се одразило на арматурата на мостот, вели Ангелов.

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба, појаснија од Град Скопје.

– Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата, се наведува во нивната реакција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy