
Руни би избркал 15 фудбалери од Манчестер јунајтед: Изгубени се и исплашени!
Манчестер Јунајтед игра уште една ужасна сезона која може да ја спаси само преку Лига Европа.
Вејн Руни смета дека се потребни големи промени во составот за клубот да се врати на победничките патеки.
Тој беше запрашан дали овој тим на Јунајтед може да се врати на победничките патеки.
„Не, мислам дека можат. Ми делуваат изгубено и исплашено“, рече Руни.
„Бруно е тој кој постојано прикажува добри партии, да знае од време на време да ве изнервира, но прикажува добри партии. Потребни се огромни промени во составот. Мислам дека 10 до 15 фудбалери треба да го напуштат клубот. Очигледно е дека ова не може да се направи. Не ми се допаѓа тоа што има менталитет каде никој не презема одговорност. Владее култура каде е премногу лесно да се изгуби и играчите само велат, „Одиме на следниот натпревар“ и некои такви глупости. Напротив, треба да покажат карактер, треба да гинат на теренот“.