
Руне го преживеа маратонот против Черундоло
Черундоло покажа уште во првиот сет дека ќе биде тежок противник за Данецот, кој го скрши противникот дури во тај-брејк со 7-3.
Аргентинецот заигра подобро во вториот сет, па го доби со 6-3 и израмни на 1-1. Сепак, во следниот сет следеше подобра игра од Руне кој го врати водството бидејќи третиот сет му припадна со 6-4.
Иако многумина очекуваа Руне да го реши мечот во четири сета, сепак Черундоло го декласира фаворитот и со 6-1 се избори за петти сет во кој се водеше голема битка, а на крајот славеше данскиот тенисер со 10-7 во тај-брејкот.
