Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудник САСА обезбеди празнични парични награди за сите вработени, пакетчиња за сите деца и пакети за лицата во социјален ризик во локалната заедница
Македонија

Рудник САСА обезбеди празнични парични награди за сите вработени, пакетчиња за сите деца и пакети за лицата во социјален ризик во локалната заедница

28/12/2023

AA

И оваа година, рудникот САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување, со што вработените и сите членови на локалната заедница имаат можност да ги прослават претстојните празници во добро расположение.

Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, Рудник САСА повторно обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца во градинката и основното училиште во Македонска Каменица. Доделена е и соодветна донација на Дневниот центар за лица со попреченост.

Како и минатите години, во пресрет на овие празници, Фондацијата САСА обезбеди и пакети со основни прехранбени и друг вид производи за 150 лица и семејства во социјален ризик од локалната заедница.

Дополнително, сите вработени во САСА добија пригодни подароци и новогодишен додаток на плата, како награда за своите работни залагања и успешна работа во текот на целата година.

„Со подароците што ги обезбедивме сакаме нашите вработени и сите членови на локалната заедница, особено децата и оние на кои им е неопходно посебно внимание и грижа, да ја почувствуваат радоста и топлината на празничните денови. Сакаме да им се заблагодариме и да им ги честитаме претстојните празници на сите во заедницата, вклучувајќи ги и нашите вработени, кои со својата работа во текот на целата година придонесуваат за успехот и одржливиот развој на САСА, а преку тоа и за целокупниот развој на локална заедница и земјата во целина“, изјави директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски.

На новогодишната ноќ, претставници на менаџерскиот тим на САСА ќе ги посетат членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и локалната полициска станица, како и вработените во рудникот кои ќе бидат на своите работни места, и на сите нив ќе им ја честитаат новата година и ќе им предадат пригодни подароци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy