Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата
Македонија

Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата

05/06/2025

AA

По повод Светскиот ден на животната средина, кој годинава е посветен на справувањето со загадувањето од пластика, Рудник САСА реализираше три значајни активности за унапредување на еколошката свест и поттикнување на заедничка акција. Во оваа прилика, Рудник САСА донираше автоматска повратна вендинг машина за рециклирање – прва од ваков тип во општина Македонска Каменица – која ќе им овозможи на граѓаните на едноставен начин да придонесат кон почиста и поодржлива животна средина. За да се одбележи нејзиното поставување, беа организирани и едукативни активности со млади од локалната заедница, насочени кон подигнување на свеста за значењето на рециклирањето и одржливиот развој.

Рециклирање пластика на лесен начин

Иновативната повратна вендинг машина поставена на фреквентна локација во центарот на градот им овозможува на жителите и посетителите на Македонска Каменица, да депонираат искористени пластични шишиња, кои потоа се преработуваат и испраќаат на рециклажа. Воедно, со секое депонирано шише се добиваат „зелени поени“ кои носат придобивки и попусти при купување на различни производи и услуги. Овој концепт има за цел да го поттикне одговорното однесување и да придонесе за намалување на пластичниот отпад во урбаните средини.

„Денешната донација е дел од пошироката заложба на Рудник САСА за заштита на животната средина и зајакнување на локалната еколошката свест. Вендинг машината не е само уред, туку алатка за промени која овозможува подигнување на свеста и конкретна акција за намалување на пластичниот отпад, еден од најголемите еколошки ризици во светот денес. Преку вакви и други активности што ги реализираме континуирано, сакаме да испратиме силна порака за потребата од заедничко дејствување кон поодржлива иднина“, изјави Ивица Талевски, директор за одржливост на Рудник САСА.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, изрази благодарност за донацијата, истакнувајќи дека партнерството со Рудник САСА е пример за успешна соработка меѓу институциите и бизнисите во остварување долгорочни придобивки за заедницата. „Оваа донација не само што ќе придонесе за почиста животна средина, туку ќе помогне и во градењето навики за одговорно постапување со пластичниот отпад. Ја охрабруваме заедницата активно да ја користи вендинг машината и да се приклучи кон напорите за намалување на отпадот. Убеден сум дека оваа иницијатива ќе инспирира и други општини и компании да инвестираат во зелени решенија“, изјави градоначалникот Атанасовски.

Еко-базар: Претворање на отпадот во ресурс

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, Рудник САСА, заедно со општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, организираше Еко-базар под мотото „Реупотребуваме, природата ја чуваме“. На штандовите поставени во дворот на училиштето, ученици, деца од градинката и корисници од Дневниот центар за лица со посебни потреби изложија креативни предмети од рециклирани материјали кои ги изработија заедно со тимот за заштита на животната средина од Рудник САСА. Целта на оваа активност беше да се поттикне младинската иницијатива и да се покаже како отпадот може да стане ресурс, преку иновација, уметност и одговорен однос кон животната средина. Средствата од продажбата на изложените предмети ќе бидат донирани за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Гласот на младите за природата

Во пресрет на Светскиот ден на животната средина, Рудник САСА организираше и Младински отворен форум на кој учествуваа млади вработени во САСА, студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и корисници од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Форумот претставуваше платформа за дијалог, размена на идеи и предлагање на конкретни акции кои младите можат да ги преземат за заштита на животната средина.

Преку овие активности, Рудник САСА уште еднаш потврди дека грижата за животната средина не е само обврска, туку долгорочна определба за зајакнување на заедницата, соработка и заштита на планетата за идните генерации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy