Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рударството бара млади умови: Знаењето во акција – Министерството отвора врати за идните експерти
Економија

Рударството бара млади умови: Знаењето во акција – Министерството отвора врати за идните експерти

04/12/2024

AA

Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини и
Универзитетот
„Гоце Делчев“ – Штип
, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се
отвораат нови можности за едукација и развој на кадарот во секторот за
рударство, енергетика и минерални суровини.

Потписници
на меморандумот се министерката за енергетика, рударство и минерални суровини
Сања Божиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Проф. д-р
Дејан Мираковски.

Со оглед на тоа што секторот за рударство и минерални суровини во
Македонија се соочува со сериозен недостиг на стручен кадар, оваа соработка е
значајна за брза подготовка на едуцирани млади професионалци. Практикантската
работа, стручната експертиза и можноста за директен пренос на знаење ќе
обезбедат студентите да станат подготвени и високо квалификувани кадри.

„Соработката со еден од најреномираните универзитети во земјата е чекор
кон обезбедување сигурна иднина во енергетиката и рударството. Со овој
меморандум, вложуваме во едукација, иновации и нова генерација стручњаци,“
изјави министерката Божиновска по потпишувањето.

Ректорот, проф. д-р Мираковски, додаде дека Универзитетот ќе вложи
максимални напори во создавање кадар кој ќе одговори на предизвиците на оваа
значајна индустрија, со посебен акцент на примената на нови технологии.

Особено значајна е можноста за студентите да се вклучат во креирањето на
јавни политики преку изработка на магистерски и докторски тези на теми
релевантни за развојот на енергетиката и рударството.

„Нашите студенти
имаат шанса да стекнат уникатно искуство и да придонесат за подобра иднина во
индустријата која е мотор на економскиот развој,“ истакна проф.
д-р Мираковски.

Меморандумот предвидува заедничко унапредување на законската регулатива
во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, апликација за
проекти кои ќе овозможат развој на нови технологии, како и организирање на
практикантска работа за студентите.

Со овој меморандум, државата испраќа порака дека инвестирањето во
образованието е основата за стабилен и одржлив развој на секторите кои се од
витално значење за Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy