
РУДАР ОД СРБИЈА Е ЗАРАЗЕН СО ГЛУВЧЕСКА ТРЕСКА: Во тешка состојба итно е префрлен во Крагуевац
Рудар кој работел
во Лепосавиќ заболел од глувчешка треска, изјави за „Блиц“ д-р Даница
Радомировиќ, раководител на инфективното одделение на КБЦ Косовска Митровица.
Како што вели, работникот бил донесен во болница во лоша состојба и бил
префрлен на одделението за интензивна нега во Крагуевац, каде било констатирано
дека се работи за глувчешка треска.
Радомировиќ
објасни дека тоа се случило пред две недели, и дека се сомневале на болеста, но
бидејќи немаат можност за дијагноза, тоа морало да се направи во Крагуевац.
Треска, осип, болка во лумбалниот предел…
Радомировиќ
појасни дека некои од симптомите на глувчешката зараза се треска, осип на
телото, болки во лумбалниот предел, но и губење на мокрењето, што било случај и
со работникот кој побарал помош.
Едно лице може да
се зарази преку респираторниот или дигестивниот тракт и со директен контакт.
Според
веб-страницата Stethoscope, болеста поминува низ четири фази кои се
карактеризираат со висока температура, малаксаност, болки во стомакот,
повраќање… Крв во урината и повраќање крв се вообичаени симптоми, но
пациентот има и низок крвен притисок и е дехидриран.
Целосното
закрепнување трае од еден до три месеци.
ФОТО: Unsplash