
Руд жали за Ѓоковиќ: Не сакав на ваков начин во полуфинале
Тој утре требаше да се сретне со Новак Ѓоковиќ, но Србинот го откажа својот настап поради повреда, па Руд ќе игра во следната фаза. Сепак, норвешкиот тенисер покажа дека е голем спортсмен и му пружи зборови на поддршка на Ѓоковиќ.
„Не е ова начин на кој сакав да се пласирам во полуфинале. Му испраќам на Новак желби за брзо заздравување и се надевам дека наскоро повторно ќе го видиме на терените“, порача Руд.
Тој лани играше во финалето на „Ролан Гарос“ и загуби токму од Ѓоковиќ со 0-3. Негов противник в петок ќе биде подобриот од дуелот меѓу Зверев и Де Минор.

