Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РСБСП: Жените возат одговорно! Биди горда што возиш безбедно!
Македонија

РСБСП: Жените возат одговорно! Биди горда што возиш безбедно!

08/03/2023

AA

Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот е функционален склоп на нејзините активности како возач, како учесник во сообраќајот и како општествен чинител.

И покрај бројните примери за жени кои се успешни во сите сфери на општественото живеење, дел од жените-возачи се чувствуваат ранливи и несигурни во сообраќајот и пристапуваат особено внимателно имајќи ги предвид можните опасни ситуации. Ова пред сѐ се однесува на ситуации во врска со одржувањето на возилото во исправна состојба, несакани дефекти за време на возењето, личната безбедност и сл. Истовремено жените-возачи се покажуваат како одлични планери на патувањата и земаат предвид бројни околности кои можат да влијаат на безбедното возење со што придонесуваат за зголемување на безбедноста во сообраќајот воопшто.

Според податоците од статистиката, жените поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди со фатални последици и не се многу склони кон брзо возење или возење под дејство на алкохол. Сепак, и покрај ова, статистиката покажува дека поголем е процентот на жени кои се жртви или повредени во сообраќајни незгоди. Затоа РСБСП повикува на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а во пресрет на празникот 8 Март на жените-возачи им препорачува:

• да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,

• да се грижат за сите учесници во сообраќајот,

• да користат сигурносен појас,

• да возат според пропишаната брзина,

• да избегнуваат да пушат и да зборуваат на мобилен телефон додека возат,

• почесто да ја проверуваат исоравноста на возилото,

• да бидат посигурни во себе и во своите возачки способности.

Од 2021 година, 55 новинарки за автомобилизам од 40 земји од светот го предложија 24 јуни за Меѓународен ден на жената возач. Овој празник има за цел да го привлече вниманието кон важноста на жените во автомобилскиот свет и зголемената улога на жените во искажувањето на нивните мислења и искуства за автомобилите на социјалните мрежи. Бидете и вие успешен возач. Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски!

Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска со апел:

Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, возете совесно, одговорно и со верба во себе. Покажете дека сте пример за успешност во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата.

Честит 8 Март!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy