Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РСБСП апелира: Сигурносниот појас спасува животи
Магазин

РСБСП апелира: Сигурносниот појас спасува животи

22/02/2024

AA

Користењето на сигурносен појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот, односно патникот, во случај на ненадејно запирање на возилото или сообраќајна незгода, посочува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во апел да се користат појасите.

Според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што можат да се врзат во возило на моторен погон и е проектиран да го намали ризикот од повреди на лицето што го носи во случај на судир или на ненадејно забавување, со ограничување на подвижноста на телото на лицето кое го носи.

Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата  кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат.

Придобивки од користењето на сигурносен појас се:

· овозможува заштита при нагло запирање на возилото или во случај на сообраќајна незгода,

· ја намалува веројатноста за смрт или сериозна повреда при сообраќајна незгода,

· спречува исфрлање на патниците од возилото во случај на сообраќајна незгода или превртување на возилото,

· комбинираното делување на сигурносниот појас и воздушното перниче ја зголемува безбедноста на патниците.

РСБСП апелира: Заради лична безбедност и безбедност на патниците во возилото, секогаш, при секое патување користете сигурносен појас. Сигурносниот појас спасува живот. Да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот, се псоочува во апелот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy