Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рот: Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени, луѓето се нетрпеливи
Македонија

Рот: Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени, луѓето се нетрпеливи

12/09/2023

AA

Германскиот пратеник Михаел Рот на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги повика пратениците во македонското Собрание да гласаат за уставните измени набрзо за земјата да го продолжи својот пат кон Европската унија. Рот кажа дека тоа не е само наш интерес, туку интерес и на ЕУ.

-Сега имаме предлог што е на маса и што мора да се примени, не за овде да се подобри ситуацијата на малцинствата, туку да се постигне пробив за Северна Македонија на патот во правец на Европската унија. И мораме темпото да го забрзаме. Луѓето во оваа земја се нетрпеливи, но тоа не е само во ваш интерес, тоа е и во наш интерес. Не можеме да си дозволиме и во друг регион да има нестабилност. Сега е потребна јасна определба за држење заедно и за европеизација во Западен Балкан. Затоа мојата порака е многу јасна, рече германскиот пратеник.

Според Рот, едно прашање е важно, а тоа е како можеме да придонесеме за блокадите да се надминат и конечно да зборуваме за она што им е најважно на луѓето во земјата: демократијата, борбата против корупцијата, владеење на правото, благосостојба, слобода, помирување…

-И затоа ве молам мои колеги и колешки тука во Собранието дадете го својот придонес за неопходната уставна примена не кога било, туку во брзо и по можност да добие двотретинско мнозинство и потоа повторно може да се карате за ова или за она и да разговарате, истакна Рот.

Се надевам, кажа тој, дека нашите сигнали за солидарност и за држење заедно навистина ќе бидат разбрани од сите за да може навистина во центарот на нашата работа да дојдат работите кои се важни, а тоа се уставните промени.

-Никој во Брисел, никој во Софија, никој во Берлин, никој во Париз нема право да одлучува за вашиот идентитет, култура и традиција. Тоа го одлучуваат луѓето во вашата земја сосема сами. Северна Македонија е пример за мултиетницизам, каде вашиот министер прво зборува на македонски, па на албански јазик. Тоа за вас е нешто што се подразбира, рече Рот.

За планот со шест точки што го презентираше во Собранието, рече дека не знае дали тој ќе биде прифатлив за другите земји, но рече дека неговата Влада е за повеќе можности и да се тргнеме од политиката на едногласност.

Рот зборуваше и за Украина посочувајќи дека во време на војна држењето заедно е најважното.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потенцира дека не треба да заборавиме дека уставните измени ќе доведат до отворање на третото и четвртото поглавје.

-Северна Македонија после 17 години ги отвори преговорите минатата година, скринингот се одвива според планираното, денеска беше усвоен на еден од формалните тела на Европската унија и извештајот за првиот кластер, со што земјата навистина се движи напред во европскиот процес, основниот принцип на преговарачката рамка кој што го усвои Европската унија минатата година е „не“ за историските и идентитетските праша во специјалниот дел во преговарачката рамка каде што има и писмени извештаи и гласање на земјите членки, но „да“ за човековите за малцинските права и оттука ни е важно прашањето на уставните измени, бидејќи е во рамки на нашата позиција дека да разговараме за човрекови права за малцински права, но не разговараме за историски и иднетитетски прашања и оттука е многу важна поддршката што ја добиваме за процесот на уставни измени кој што не само ќе гарантира продолжување и отворање на поглавјето кое што ни е потребено, туку на некој начин ја фаворизира нашата позиција по однос на овој спор, изјави министерот.

Османи посочи дека усвоената Резолуција во Бундестагот минатата година е потврда за недвосмислената, активна поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја, како дел од севкупниот мозаик на европската култура. Тој резолуцијата ја оцени како акт на непоколеблива поддршка за пристапниот процес на земјата.

– Оваа подршка се разбира не е нова, туку претставува континуитет на едно долгогодишно пријателство помеѓу двете земји, посочи Османи.

Германскиот пратеник денеска учествуваше на конференција во Собранието и имаше средби со пратеници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy