
РОССТАТ ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колкава е инфлацијата во Русија?
Росстат објави дека годишната инфлација во Русија падна на 9,88 проценти во мај.
Според овие податоци, тоа е пад од 0,36 проценти во споредба со 10,23 проценти во април, објави ТАСС.
Руската статистика наведува дека цените на прехранбените производи се зголемиле во петтиот месец од оваа година за 0,26 проценти месечно и 12,49 проценти на годишно ниво. Русија е под санкции поради инвазијата на Украина која почна на 24 февруари во 2022 година.