
Роналдо со два гола му донесе нова радост на Ал Наср во азиската ЛШ (ВИДЕО)
Роналдо постигна два гола во победата на Ал Наср, а асистираше за уште еден на почетокот на натпреварот, кога Талиска погоди за водство од 1-0. Во листата на стрелци за Ал Наср се запиша и Мане, додека на спротивната страна стрелаа Мохамад, Алмоез Али и Олунга.
Екипата на Роналдо има девет бода на првото место, по што следи Персеполис со шест, а по еден имаат Ал Духаил и Истиклол.
