
Роналдо се разгоропади – постигна четири гола во триумфот на Ал Наср (ВИДЕО)
Ова воедно беше и прво гостинско славје за Португалецот во новата средина, до кое буквално сам го одведе својот тим до трите бода. Тој реализираше во 21. и 40. минута од првото полувреме, за потоа во 51. минута да погоди од пенал, а десет минути подоцна да го постави и конечниот резултат.
Ал Наср со овој триумф се искачи на врвот од табелата во саудиското првенство со 37 бодови, колку што има и Ал Шабаб, но со меч повеќе.