
Роналдо го постигна првиот гол во 2024 година и го прослави на нов начин (ВИДЕО)
Тоа беше и негов прв погодок во 2024 година, а Ал Наср сега е многу блиску до пласман во следната рунда бидејќи идната недела на домашен терен само треба да го завери триумфот во овој двомеч. Интересен беше начинот на кој Роналдо го прослави голот бидејќи тоа не беше карактеристичното „Сиууу“ со кое одбележува последните години.
Всушност, тој се залета на истиот начин, но потоа само доскокна и ги прекрсти рацете на гради, како што правеше еден период додека играше во Манчестер Јунајтед.
