Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Романска православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста
Македонија

Романска православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста

15/02/2023

AA

Откако на 9 овој месец, Светиот Синод на Романската православна црква соопшти дека „го одобрува признавањето на автокефалност доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година“, на својот официјален портал basilica.ro, Патријаршијата на Романија објави дообјаснување на ваквата одлука.

За време на синодското заседание беше земена предвид одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година за востановување на канонското и евхаристичко општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од архиепископот Стефан. Дополнително, Вселенската патријаршија на Црквата на Србија и го препушти регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија, се наведува во образложението.


РПЦ посочува дека друга тема што била разгледана од страна на романските јерарси на заседанието, било прашањето на автокефалноста и начините на кои таа се доделува и признава, коа било анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква.

– Ставот на Романската православна црква по однос на автокефалноста, кој исто така беше презентиран и на Средбата на подготвителниот Комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следниот: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалност на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од поглаварот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет синод. Правото на признавање на новата автокефалност и припаѓа на целата Православна црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалноста, потпишан без исклучок, од сите поглавари на автокефалните православни цркви по редот на диптисите во рамки на Синаксисот на поглаварите на православните цркви“, се наведува во образложението.


Светиот Синод на Романската православна црква појаснува дека имајќи го предвид претходно наведеното, „ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристичко општење јерарсите, клириците, монасите и верниците раководени од архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви“.

– По признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година од страна на Патријаршијата на Србија со кој се доделува автокефалност на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да иницира (консултации) и да издаде конечен томос за автокефалност за да изрази сеправославен консензус по прашањето за признавање на автокефалноста, се додава во текстот.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy