
Рома со бомба од 20 метри го дотепа „ранетиот лав“ од Торино (ВИДЕО)
Творец на победата беше Џанлука Манчини со бомба од дваесетина метри, со која буквално го дотепа „ранетиот лав“ од Торино, кој игра со минус 15 бодови како казна за финансиските малверзации на управата. Шансите барем за реми на гостите целосно пропаднаа во самиот финиш, најмногу поради глупоста на Моис Кин, кој доби црвен картон по само 37 секунди откако влезе во игра.
Рома со овие три бода се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија со 47 бодови, колку што има и петопласираниот Милан, а еден помалку од градскиот ривал Лацио.