
Рома на пенали го расплака Феенорд
Хименез во петтата минута ја затресе мрежата на Свилар, но набрзо Пелегрини погоди за израмнување (1-1).
Рома беше подобар противник во остатокот од дуелот, но реализацијата во нападот беше очајна и само два од 15 удари завршија во рамките на голот на гостите.
Во пенал-рулетот најпрво промаши Лукаку кај Рома, но потоа Ханко и Јаханбакш не беа прецизни кај Феенорд и му дозволија на домаќинот да се израдува.

