
Рома му даде четири гола на Сервет, Славија броеше до шест (ВИДЕО)
Финалистот од минатата сезона го победи Сервет со 4-0 за втор триумф сезонава во европското натпреварување. Два гола постигна Белоти, а по еднаш погодија Лукаку и Пелегрини, па по неполн час игра веќе беше завршена целата работа. Славија со 6-0 беше подобра од Шериф, а исходот можеше да се насети во првите седум минути во кои чешкиот тим веќе два пати ја затресе противничката мрежа.
Читил ги постигна првиот и последниот гол, а погодија уште Огбу, Шранц и Дудера, додека Гарананга си постигна автогол. Во следното коло, во директен дуел се среќаваат токму Рома и Славија.
Ливерпул беше многу подобар од белгискиот Унион, но дури во 92. минута ги реши дилемите околу победникот. „Црвените“ славеа со 2-0 со тоа што резултатот го отвори Гравенберх во 44. минута, а точка стави Диого Жота во судиското продолжение. Ливерпул е на првата позиција на табелата во групата Е со максимални шест бода.
