Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ролинг стоунс“ го претстави својот нов албум во Њујорк
Магазин

„Ролинг стоунс“ го претстави својот нов албум во Њујорк

20/10/2023

AA

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа синоќа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде што членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.

Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney Diamonds, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.

Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк.

„Толку многу ни недостигаа претставувањата, што моравме да се вратиме назад и да направиме уште еден албум“, им рече Џегер на гостите среде настанот на кој наизменично се слушаа нови и добро познати песни, вклучувајќи ги Jumpin’ Jack Flash и Tumblin’ Dice.

Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага.

„Стоунс“ го заврши настапот со Sweet Sounds of Heaven на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, Moonlight Mile.

Гага и Џегер меѓусебно се имитираа во танцување додека пееја.

Hackney Diamonds е првиот студиски албум на бендот со оригинален материјал по Bigger Bang од 2005 година и прва снимка по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Преживеаните „стоунси“ се фронтменот Џегер и гитаристите Кит Ричардс (79) и Рон Вуд (76), кој е во бендот речиси 50 години.

Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол Макартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната Live by the Sword.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно

14/02/2026
Македонија

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот

14/02/2026
Македонија

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ ОДНОСИ Мицкоски во Минхен се

14/02/2026
Македонија

ЈА ЗАДУШИЛ СО ПЕРНИЦА ОТКАКО Ѝ ВЛЕГОЛ ВО ДОМОТ Млад

14/02/2026
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена!

14/02/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот кон Битола, ги испровоцирало девојче!

14/02/2026

Екипата на Пелистер вчера го заврши својот настап во четвртфиналето од Купот на Македонија по поразот од Куманово. Натпреварот, кој

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ ОДНОСИ Мицкоски во Минхен се сретна со Тед Дојч

14/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на својата посета на Минхен, оствари средба со Тед Дојч, извршен директор на Американскиот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy