Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОКОТ ЗАВРШИ: Третина компании не го уплатиле солидарниот данок, собрани 33 милиони евра
Економија

РОКОТ ЗАВРШИ: Третина компании не го уплатиле солидарниот данок, собрани 33 милиони евра

28/10/2023

AA

Рокот предвиден за плаќање на еднократниот кризен данок заврши, а Управата за јавни приходи го информира „Фактор“ дека по овој основ се собрани 33 милиони евра од успешните компании.

Рокот за плаќање за солидарниот данок, кој за прв пат законски се воведува во земјата, траеше од 25 септември до 25 октомври, а УЈП не инфомираше дека од 150 даночни обврзници, кои го исполниле законскиот критериум, обврската ја завршиле 96 компании. 

„Вкупно уплатената  сума на  данок за солидарност заклучно со 25.10.2023 година изнесува од 2.013.705.401 денари. Пријавена обврска за плаќање на данокот за солидарност имаат 150 даночни обврзници, од нив 96 даночни обврзници веќе ја уплатиле обврската по тој основ. За  даночните  обврзници кои доброволно не го уплатиле  данокот за солидарност во законски предвидениот рок, Управата за јавни приходи ќе преземе мерки  согласно Законот за  данок на солидарност и Закон за даночна постапка“, ни одговорија од УЈП.

Инаку по изгласувањето на Законот за солидарен данок, vladinite presmetki bea deka so ovoj danok еднократно ќе се соберат од 50 до 80 милиони евра од успешни компании од енергетиката, трговијата, металургијата и финансискиот сектор кои ја зголемиле добивката за време на енергетската и воена криза.

Стопанската комора на северозападна Македонија денеска информираше дека поднела жалба за Законот за данок на солидарност до Уставниот суд. Според Комората, законот е противуставен, дестимулативен и непринципиелен.

„Нашите оценки се дека во овој случај, правната држава ќе излезе на виделина докажувајќи дека нашата земја е соодветна за водење бизнис и дека правната сигурност е во повисоко ниво од колку се претпоставува. СКСЗМ продолжува да го поттикнува економскиот раст и развој на земјата, како и да ја охрабрува борбата против сивата економија како предуслов за креирање соодветна клима за бизнис“, се вели во објавата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy