Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рокот за исплата на „Мој ДДВ“ пробиен – 370 милиони денари сè уште не се исплатени
Македонија

Рокот за исплата на „Мој ДДВ“ пробиен – 370 милиони денари сè уште не се исплатени

28/11/2025

AA

За првпат откако функционира системот „Мој ДДВ“, не е испочитуван рокот за исплата на парите од страна на државата, па дел од граѓаните кои летово скенирале фискални сметки сè уште не ги добија своите средства.

Се работи за исплатата за последниот пресметковен период – јули, август и септември. Во минатото, парите се исплаќаа најдоцна до 10-ти во месецот. Со доаѓањето на актуелната влада, рокот за исплата беше продолжен до крајот на месецот. Сепак, заклучно со денеска, последниот ден од работната недела, тој рок не е испочитуван.

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека до вчера се исплатени 552 милиони денари кон граѓаните преку „Мој ДДВ“, а налозите за дополнителни 370 милиони денари се веќе подготвени за исплата.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, објасни дека кај дел од граѓаните може да има застој поради технички причини, како што се невалидни трансакциски сметки. Меѓутоа, проблемот со неплатени средства се однесува и на граѓани кои немаат проблеми со трансакциските сметки и редовно ја ажурираат апликацијата „Мој ДДВ“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy