Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рокот за аплицирање на компаниите за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции по Законот за финансиска поддршка на инвестиции е до 31ви мај
Македонија

Рокот за аплицирање на компаниите за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции по Законот за финансиска поддршка на инвестиции е до 31ви мај

22/05/2023

AA

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Владата на Република Северна Македонија дава поддршка за инвестиции на компаниите кои ја зголемуваат нивната конкурентност преку нови производствени процеси, воведување на нови технологии и креирање на подобро платени работни места.

Поддршката, довербата и партнерскиот однос од година во година расте, што го покажува и бројот на потпишани договори за државна помош.

Во Законот за финансиска поддршка на инвестиции воведовме нови, афирмативни мерки, првата е за поддршка на рамномерниот регионален развој, со која компаниите добиваат дополнителен стимул за инвестирање во помалку развиените региони. А втората е мерка која ги поттикнува и поддржува компаниите да инвестираат во истражување и развој.

Ги избришавме разликите помеѓу домашни и странски компании, денес сите компании кои работат во нашата земја се наши, домашни компании, со исти услови и можности да добијат поддршка од државата.

Ø  Субјекти кои можат да бидат корисници на финансиска поддршка се деловни субјекти:

  • кои започнале продуктивна почетна инвестиција и
  • кои оствариле пораст на вкупни приходи од работењето во последната година во однос на просекот од претходните три години или за пократок период доколку деловниот субјект е регистриран и започнал со дејност во период пократок од четири години сметано од денот на доставување на барање за доделување на финансиска поддршка и
  • кај кои просечниот број на вработени во последната година во однос на просекот од претходните три години не бил намален за повеќе од 5% или за пократок период доколку деловниот субјект е регистриран и започнал со дејност во период пократок од четири години сметано од денот на доставување на барање за доделување на финансиска поддршка.

Ø  Рокови

  • за склучување на договори за финансиска поддршка за инвестиции – најдоцна до 31 мај 2023 година
  • за поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка за реализирани инвестиции во претходната година – најдоцна до 31 август 2023 година

Ø  Видови на финансиска поддршка за кои деловниот субјект може да аплицира:

  • Поддршка за нови вработувања;
  • Поддршка за воспоставување и унапредување на соработка со добавувачи од Република Северна Македонија;
  • Поддршка за воспоставување на организациони облици за технолошки развој и истражување;
  • Поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес;
  •     Поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи;
  • Поддршка за преземање на деловни субјекти во потешкотии;
  •    Поддршка за зголемување на конкурентност на пазарот;
  • Поддршка за инвестиции во помалку развиените региони за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди

17/02/2026
Македонија

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ

17/02/2026
Македонија

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41559
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди бара напуштањето да стане кривично

17/02/2026

Дури пет од шест кучиња заловени од ЈП „Лајка“ за еден ден биле со сопственик, предупредуваат од организацијата за заштита

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026

На 16.02.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ ЈАВНАТА НАБАВКА Судење за предметот

17/02/2026

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за Онкологија, изјави на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy