
Рокот за аплицирање е 31 август – Аплицирајте навреме за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година.
Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.
Право на аплицирање имаат домаќинства: со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, домаќинства со потполно слепо лице и домаќинства со потполно глуво лице. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.
Потребна документација:
Изјавата за веродостојност и обрасците се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот „Јавни огласи“ (www.energy.gov.mk).
Документацијата може да се достави лично во Министерството за енергетика, на адреса: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје, или по пошта, за граѓаните од внатрешноста.
За повеќе информации,
www.energy.gov.mk
Телефони за контакт секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот:
071 319 074
070 381 162
електронска пошта :
