
РОКОТ Е ДО ПОЛНОЌ: Болните и изнемоштени лица можат да се пријават за гласање на претседателските избори
Болните и изнемоштени лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април.
Во роковникот на Државната изборна комисија се вели дека избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот.
Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, што во случајов е 23 април (вторник).
Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.