Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рок до 30 јуни: Носителите на енергетски лиценци мора да поднесат Барање за промена согласно новиот Закон
Македонија

Рок до 30 јуни: Носителите на енергетски лиценци мора да поднесат Барање за промена согласно новиот Закон

29/05/2025

AA

Од денес, 29 мај до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат Барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи.

Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на РКЕ Барање за промена.docx или во архивата на РКЕ.

За секоја лиценца се поднесува поединечно Барање за промена, односно не може со еден Образец да се поднесе Барање за промена на повеќе од една лиценца.

Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или пратено до официјалната електронска пошта [email protected] или пратено по пошта во наведениот рок при што ќе мора подносителот да достави  доказ за приемен датум од пошта на официјалната електронска пошта.

За промена на лиценцата по овој основ на носителот не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата.

Во исто време ги информираме сите носители на лиценци за пробна работа дека согласно новиот Законот за енергетика лиценците за пробна работа ќе може да се продолжат исклучиво заради тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени. Напоменуваме дека одредбите од новиот Закон за енергетика не предвидуваат привремена лиценца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy