
Родриго е вишок во Реал, може да си оди и да не игра Лига на шампиони идната сезона
За него е заинтересиран Манчестер Сити, но Родриго има друг план – да се пресели во Челси кој му нуди многу повеќе пари. Ако тоа се случи, напаѓачот претстојната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, туку во Конференциската лига имајќи предвид дека „сините“ беа далеку од врвот во штотуку завршената сезона.
Сепак, ситуацијата со него ја следи и ПСЖ кој бара замена за Мбапе. Родриго е далеку од квалитетите на францускиот репрезентативец, но би можел да му даде повеќе слобода која ја немаше на Бернабе.