
Родри: Моето семејство ми даде мотив, а јас работев напорно за овој успех!
Родри беше скромен по освојувањето на „Златната топка“ и кажа дека семејството му помогнало да стигне до успехот.
„Ви благодарам на сите кои сте тука и гласавте за мене. Ова е специјален ден за мене, но и за моето семејство. Мора да ѝ се заблагодарам на мојата девојка, без неа ништо немаше да биде исто. Моето семејство ме научи на морални вредности, а јас работев напорно за да стигнам до овој успех и да станам човекот кој сум денес“, кажа Родри.
