Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично на судењето за пожарот во „Пулс“
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично на судењето за пожарот во „Пулс“

01/10/2026

AA

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети физички и 3 правни лица почнаа да ја изнесуваат одбраната, при што прв е сослушан сведок на одбраната на првообвинетиот Дејан Јовано Деко, сопственик на дискотеката.

Сведочеше вештакот Петре Русески, кој рече дека е вештак од областа на градежништвото. Рече дека изготвил вештачење на барање на обвинетите Дејан Јованов Деко и градежните инспектори Љупчо Стаменков и на Николчо Гоцев.

На прашање на адвокатката Ивана Коцевска, која го брани Јованов, сведокот Русевски рече дека сопственик на објектот каде што беше „Пулс“ е Гроздан Милковски, а од 1.12. 2012 година склучил договор за закуп само за приземниот дел со правното лице „Класик“. Закупецот Дејан Јованов не презел градежни активности на закупениот простор, туку презел градежно занаетски работи за ентериерно уредување на потребите на неговата дејност.

– Овие зафати не можат да се именуваат како реконструкција, туку како занаетчиски работи од лесен обем. Не се бетонски, не се челични – рече вештакот.

Родителите на загинатите во дискотеката на ова дофрлија дека се работи за „занаетчиска гасна комора“.

– Тој до тебе ни ги уби децата – извикаа тие.

На ова адвокатката Коцевска побара да нема дофрлување од јавноста, што дополнително ги изреволтира родителите.

– Ние не сме јавност, ние сме оштетени! Ние ги изгубивме нашите деца. Извинете се! – викаа тие вознемирено.

Првообвинетиот Јованов реагираше дека родителите довикуваат дека тој им ги убил децата, се сврте кон нив и ги погледна, на што тие станаа.

Потоа судијката Дијана Груевска-Илиевска им рече на родителите и другите роднини да излезат.

– Излезете малку надвор. Без вас може да се продолжи судењето, без овие овде не може – рече таа, по што судската полиција ги испрати кон вратата.

Татко на едно загинато момче се расплака.

– Без нас можете судијке, ама ние без нашите деца не можеме – рече тој и ја напушти судницата.

По кратко време тие се вратија во судницата.

Адвокатката Коцевска продолжи со распитување на сведокот кој рече дека закупецот Јованов, со цел да изврши ентериерно уредување, го ангажирал лиценцирано друштво „Венци проект“ од Кочани, кое изработило проект според кој објектот бил реновиран.

Во еден момент првообвинетиот Јованов се пожали дека му се слоши, па со полициска придружба излезе надвор од судницата, на воздух.

Притворот на првообвинетиот истекува на 3 октомври, а неговата одбрана претходно најави дека ќе понуди гаранција во имот во вредност од речиси 200.000 евра.

Одбраната најави дека ќе сослуша вкупно 244 сведоци.

Пред рочиштето изјава даде Александар Наунов, татко на загинато девојче, и претседател на Здружението на родителите „16 март“.

– Јавно прашуваме кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале, тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата, кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно. Нека носат сведоци и нека одолжуваат. Но, со сведочење нема да направат пренамена, со вештачење нема да создадат паркинг, а со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да ја претворат во дозвола за дискотека. Се обидуваат да го бранат неодбранливото. Правдата можат да ја одолжуваат, а вистината не – рече Наунов.

Во пожарот во „Пулс“ на 16 нарт 2025 година, за време на концерт на групата ДНК загинаа 63 млади луѓе, а 222 беа повредени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy