Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Родителите на загинатите во Кочани: Животот на нашите деца беше изгубен, но не смее да биде заборавен
Македонија

Родителите на загинатите во Кочани: Животот на нашите деца беше изгубен, но не смее да биде заборавен

08/05/2025

AA

Во писмена изјава до јавноста, семејствата на децата кои го загубија животот во трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, ја изразија својата длабока болка и побараа целосна правна разрешница и одговорност од сите вклучени лица и институции.

– Оваа трагедија ја карактеризираме како масовно убиство и тешко загрозување на човековите животи и безбедноста, и бараме надлежните институции да постапат професионално, непристрасно и во согласност со важечките закони и меѓународни конвенции. Целосно се оградуваме од каква било политичка манипулација и не дозволуваме овој трагичен настан да се користи за собирање политички поени од кој било субјект, без разлика дали е од власта или од опозицијата. Бараме веднаш да се спроведе независна и темелна истрага за сите околности поврзани со настанот, со цел да се утврди дали биле испочитувани сите законски норми и регулативи за работењето на објектот. Сакаме да знаеме дали дискотеката поседувала валидна документација за работа, дали биле извршени сите потребни контроли од страна на надлежните инспекциски служби, и дали се постапувало согласно законот во делот на урбанистичките, градежните, санитарните, безбедносните и противпожарните стандарди. Потребно е да се утврди дали нечија немарност, злоупотреба или незаконско дејствување довело до оваа трагедија, се истакнува во изјавата.

Родителите потенцираат дека се подготвени да соработуваат со еминентни домашни и странски адвокати кои ќе обезбедат правна поддршка во сите фази на процесот, вклучително и евентуално поднесување предмет пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

-Не бараме ништо повеќе од правда, но таа правда мора да биде неселективна и праведна. Не смееме да дозволиме животите на нашите деца да останат без значење во очите на државата. Одговорност мора да има – како за организаторите и управувачите на објектот, така и за институциите кои дозволиле или не спречиле оваа катастрофа. Животот на нашите деца беше изгубен, но не смее да биде заборавен. Апелираме до Обвинителството и Полицијата да постапуваат без одлагање, професионално и транспарентно, и да ја известат јавноста за секој чекор во процесот. Ако овие институции не постапат соодветно, ќе ги искористиме сите расположливи домашни и меѓународни правни механизми, вклучувајќи поднесување на предмет до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, додаваат родителите.

Во изјавата родителите упатуваат апел дека прашањето за функционирање на институциите и безбедноста на граѓаните не е индивидуален, туку општествен проблем. Тие не бараат посебен третман или политички привилегии, туку државата да си ја заврши својата работа чесно и по закон.

За в сабота, 10 мај е најавен нов протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што че почне во 16 часот и 5 минути, симболизирајќи ја задоцнетата институционална реакција. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈАНКА ФРЛИЛА ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ ВО ФИРМАТА КАДЕ ШТО РАБОТЕЛА Ја

26/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ЌЕ БИДЕ СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО НА ДЕВЕТТЕМИНА ПОЛИЦАЈЦИ

26/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ШТИП И СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН Нападнале

26/10/2026
Македонија

ЧЕСНИОТ ТИНЕЈЏЕР ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО Постапката на

26/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДЕНЕС ЛАЖЕ ЗА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ, УТРЕ ЌЕ ЛАЖЕ ЗА

26/10/2026
Македонија

МЕЧКА НАПАДНА ДОБИТОК ВО ГОСТИВАРСКО КАЛИШТЕ Сточарите бараат помош од

26/10/2026
Македонија

ИГРАЧ ОД ТЕТОВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.174.004 ДЕНАРИ Видеолотарија

26/10/2026
Македонија

ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА ПРИМЕНАТА НА Е-ПАРИЧНИКОТ Дигитална лична карта и

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46375
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПЈАНКА ФРЛИЛА ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ ВО ФИРМАТА КАДЕ ШТО РАБОТЕЛА Ја искршила вратата, ѝ се заканувала

26/10/2026

Скопјанка ѝ се заканувала на сопственичката на фирмата каде што претходно работела, ја искршила влезната врата од фирмата и внатре

ГАЗДА ДЕКО ЌЕ БИДЕ СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО НА ДЕВЕТТЕМИНА ПОЛИЦАЈЦИ Него го повикува одбраната на

26/10/2026

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во

НАПАДНАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ШТИП И СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН Нападнале и друго дете, полицијата им

26/10/2026

Тинејџер од Штип и струмчанец малтретирале деца, за што добија кривини пријави. „СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy