Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апелациониот суд ги зголеми казните за обвинетите во „Ласкарци“ – сопственикот на „Дурмо Турс“ доби 10 години затворска казна
Македонија

Апелациониот суд ги зголеми казните за обвинетите во „Ласкарци“ – сопственикот на „Дурмо Турс“ доби 10 години затворска казна

08/05/2025

AA

Обвинетите во трагичниот случај „Ласкарци“ ќе одговараат со построги затворски казни, откако Апелациониот суд Скопје деновиве ја донесе второстепената пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, а ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите.

Со новата пресуда, затворската казна на Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, е зголемена од четири на десет години. Истиот број години доби и Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата. На двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски, казните им се зголемени од пет на седум години затвор. Казните на третиот инспектор, Јане Боваровски, и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, остануваат исти – пет, односно 14 години затвор.

Во соопштението на судот се наведува дека јавната седница по овие жалби била одржана на 2 април, а по спроведеното советување и гласање, пресудата е донесена на 17 април 2025 година. Притоа, Апелација делумно ги уважила и жалбите на оштетените, но само во делот кој се однесува на трошоците, додека барањата за имотно-правни побарувања биле отфрлени како недозволени.

Случајот се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година кај селото Ласкарци, при што загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени. Според обвинението, автобусот бил технички неисправен, а сепак пуштен во сообраќај со одобрение од вработените во станицата за технички преглед. Обвинетите, вклучувајќи го и возачот кој бил свесен за дефектите, го загрозиле животот на патниците, што резултирало со катастрофална несреќа.

Процесот во Основниот кривичен суд Скопје го водеше судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението беше обвинителот Дарко Јакимовски. Апелациониот суд најави дека целосната пресуда со образложение ќе биде јавно достапна на веб-страницата на судот, согласно законските прописи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПАДНАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ШТИП И СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН Нападнале

26/10/2026
Македонија

ЧЕСНИОТ ТИНЕЈЏЕР ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО Постапката на

26/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДЕНЕС ЛАЖЕ ЗА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ, УТРЕ ЌЕ ЛАЖЕ ЗА

26/10/2026
Македонија

МЕЧКА НАПАДНА ДОБИТОК ВО ГОСТИВАРСКО КАЛИШТЕ Сточарите бараат помош од

26/10/2026
Македонија

ИГРАЧ ОД ТЕТОВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.174.004 ДЕНАРИ Видеолотарија

26/10/2026
Македонија

ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА ПРИМЕНАТА НА Е-ПАРИЧНИКОТ Дигитална лична карта и

26/10/2026
Македонија

БЕТОНСКИ ЛАВИРИНТ НАМЕСТО ХУМАН ЦЕНТАР Со Герасимовски потребите на жителите

26/10/2026
Македонија

СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОКАЖАА ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ Честитка од Сиљановска Давкова за

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46373
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПАДНАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ШТИП И СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН Нападнале и друго дете, полицијата им

26/10/2026

Тинејџер од Штип и струмчанец малтретирале деца, за што добија кривини пријави. „СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од

ЧЕСНИОТ ТИНЕЈЏЕР ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО Постапката на Огнен Милошевски ја одушеви јавноста

26/10/2026

Осумнаесетгодишниот Огнен Малешевски од Делчево доби плакета од градоначалникот Иван Гоцевски, откако викендов пронашол изгубени пари и лични документи и

ФИЛИПЧЕ ДЕНЕС ЛАЖЕ ЗА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ, УТРЕ ЌЕ ЛАЖЕ ЗА МНОГУ ПОСЕРИОЗНИ РАБОТИ Дури и

26/10/2026

Патолошкиот лажго Венко Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија, рече денеска портпаролот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy