
РОДИТЕЛИТЕ МУ СЕ ОД КОСОВО, А ЖИВЕЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Ова е лицето кое испраќало заканувачки пораки до српските амбасади
Државјанин на Швајцарија по потекло од Косово на српските власти им испраќал заканувачки пораки. Станува збор за Денис Красниќи (26), од Швајцарија, чии родители се од Косово.
„Лицето моментално се наоѓа на Косово и издадена е наредба по враќањето во Швајцарија веднаш да се пријави во полиција“, изјави Дачиќ.
Заменик-претседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ за заканувачките пораки добиени по електронска пошта на белградскиот аеродром, во амбасади и во конзулати во Австрија и Германија и во белградскиот центар за безбедност, изјави, дека полицијата на Србија добило официјална информација дека се работи за Денис Красниќи од Швајцарија, чии родители се од Косово.